logo
logo
logo

Ова се најголеми КУКАВИЦИ меѓу хороскопските знаци! На нив никогаш немојте да сметате

Vecer | 25.05.2021

Ова се најголеми КУКАВИЦИ меѓу хороскопските знаци! На нив никогаш немојте да сметате

Ако ви е тешко, барате излез од непријатна ситуација, или едноставно ви е потребна подршка, знајте дека овие хороскопскизнаци никогаш нема да имаат време за вас!

 Шкорпија - Таа е на прво место и тие не се само кукавици туку ќе ви заријат нож во грб кога најмалку се надевате.

Шкорпијата сама по себе е мрачен знак и нејзе ја водат нагони. Тие се појаки од неа. Кога е во криза прво со отровното опавче ќе ве набоди вас па потоа и себеси. На неа кога е напнато немојте да сметате. Во сериозни и кризни ситуации таа се повлекува во себе и нејзините реакции се смртоносни.

“Кога е тешко, само еден знак е ПРИЈАТЕЛ – ОВЕН“

Риби – големи сонувачи кои немаат три чисти. Точно е дека имаат голема емпатија и можеби најдобро ги чуствуваат другите луѓе. Но кога ќе дојде падни-стани ситуација таа исчезнува, едноставно нема капацитет да застане и да даде подршка. Како што тоа Овенот го умее...

Близнаци – зборуваат и само зборуваат... Секогаш ги има насекаде, се знаат, постојано зујат но кога е потребно баш во тој даден момент да се приутни, нив едноставно никаде ги нема. Нивната примарна перцепција на кого, кога и што треба да се помогне е доста пореметена. Еден вистински нестабилен знак.

Стрелец – голем другар, секогаш насмеан, присутен на сите места и патувања. Токму поради таквиот негов однос спрема животот бидејќи не го држи место, не сметајте на негова подршка.

Во моментот додека му го кажувате својот проблем или страв, тој вас со едно уво ве слуша, а со мислите кој знае каде е... Тогаш се случува и да го повикате во закажано време тој веќе заминал на пат околу светот, бидејќи едноставно го заборавил договорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk