Сексот треба да биде чисто задоволство и повредите се веројатно последното нешто што ви паѓа на памет, но понекогаш може да се случат. Продавачот на секс играчки, Love Honey, спроведе студија која покажа дека дури 42 отсто од луѓето доживеале сексуална повреда, пишува Daily Star.

Истражувањето на 1.003 возрасни покажа дека жените (47 проценти) се повеќе склони кон катастрофи во спалната соба отколку мажите (33 проценти), а исто така беше откриено дека луѓето на возраст меѓу 25 и 35 години се најподложни на сексуални повреди (66 проценти ). Кога станува збор за најчестата причина за несреќи во спалната соба, модринките беа на врвот, при што 33 отсто од луѓето кои претходно доживеале сексуална повреда ја доживеале. Потоа следат гребнатинки (31 отсто) и уринарни инфекции (29 отсто).

Пенетративниот секс во никој случај не бил единствената причина за несреќи во спалната соба, бидејќи речиси половина од машките испитаници признале дека доживеале повреди поврзани со секс додека имале или примале орален секс, во споредба со само 17 проценти од жените. Откако ги откри најчестите сексуални повреди, сексологот Шантел Отен даде неколку совети како во иднина да избегнете вакви катастрофи во спалната соба.

Модринки

– Модринките може да бидат благи до умерени и да се појават кога капиларите под кожата пукаат. Љубовното гризење, удирањето и грубиот секс се најчестите причини за модринки, па затоа е најдобро да им пристапите на овие активности со претпазливост. Доколку чувствувате болка, ставете мраз на пределот или пијте парацетамол и тоа би требало да помогне – објасни експертот.

Уринарни инфекции

– Жените можат значително да ги намалат шансите за добивање уринарна инфекција доколку уринираат пред и после секс, бидејќи така се измиваат несаканите бактерии од уретрата. За мажите е малку поинаку; треба да почекаат 15 минути откако ќе имаат пенетративен секс за да уринираат – додала Шантел.

Вагинални повреди

Вагинални повреди доживеале дури 18 проценти од жените кои имале сексуална повреда, а се јавуваат кога има премногу триење или груба пенетрација.

– Важно е да се осигурате дека сте возбудени пред да се вклучите во пенетрација, без разлика дали со прсти, пенис или играчка. Одете полека за нежно да ја истегнете областа и користете многу, многу подмачкување. Постојано – објасни таа.

Според истражувањата, ова се некои други вообичаени сексуални повреди:

  • Истегнати мускули – 25%
  • Повреда на грбот – 13%
  • Алергиска реакција – 9%
  • Анална повреда – 8%
  • хемороиди – 5%
  • Истегнат глужд – 4%

Веројатно не е чудно што сексуалните несреќи и повреди најчесто се случуваат во спалната соба, како што изјавиле 56 отсто од испитаниците. Иако исто така е откриено дека луѓето се здобиле со сексуални повреди на голем број други места; речиси секоја четврта повреда се случува за време на секс под туш, а секоја петта за време на бурен секс во хотелска соба. Некои од „поскандалозните“ места каде што луѓето претрпеле сексуални повреди се тоалетите во авион и работното место.