logo
logo
logo

ЖИВОТ ВО РАСКОШ И ЛУКСУЗ

ОВА СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЖЕНИ ОД АРАПСКИОТ СВЕТ: Сумите што ги поседуваат се абнормални

Vecer | 30.05.2023

ОВА СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЖЕНИ ОД АРАПСКИОТ СВЕТ: Сумите што ги поседуваат се абнормални

Животот на жените во арапскиот свет е многу различен, а статусот во општеството има најголемо влијание врз него. И додека богатите дами немаат многу ограничувања, оние од посиромашното потекло имаат многу потешка положба, а мажите сепак одлучуваат за повеќето работи, додека ним им се ускратени многу права.

Од друга страна, следните убавици уживаат во раскош и луксуз, често посетуваат егзотични дестинации, трошат многу пари на облека и козметички третмани, накит, автомобили.

Меѓутоа, една од нив на посебен начин го почитува исламот и традицијата.

Еве како изгледа нивното секојдневие!

Јара Алнамлах

Јара по професија е архитект, но пред се е голем вљубеник во модата. Често објавува соработки со познати светски дизајнери како Burberry, Givenchy, Loewe, Dior... Таа е особено препознатлива по совршениот спој на умереното и модерното и во секое време ги почитува правилата на својата земја и исламот. Нејзиниот пристап кон убавината и стилот во преден план ги велича културата и обичаите на Саудиска Арабија.

Маха бинт Мохамед бин Ахмад ал-Судаири

Саудиската принцеза е позната по екстравагантното трошење на облека и патувања. Згора на тоа, нејзиниот обид да замине од хотел во Париз без да плати сметка од 7 милиони евра, по 5 месеци престој во 41 соба, не е ни најлудиот или најскапиот трошок на оваа принцеза.

Суха Новаилати

Суха е една од најбогатите водителки од Емиратите, а се проценува дека „тежи“ 5 милиони долари. Дипломирала на Факултетот за бизнис во Саудиска Арабија и оттогаш работи континуирано. Таа е вистински пример за правилно вложување во себе - на нејзината убава коса, тен и насмевка можат да и позавидат и холивудските убавици, иако и самата често е главна гостинка на црвените килими. На својот профил, покрај работата, често споделува и како ужива да биде со децата и сопругот.

Митхаиел ал Али

Митхаиел често го покажува својот луксузен начин на живот на Блискиот Исток. Таа е успешен претприемач, инфлуенсер и јавна личност. Вели дека нејзината главна цел е да има големо влијание врз сите и да создаде платформа која ќе го поддржи развојот на креативноста. Инстаграм е само уште еден начин да ја изразите вашата креативност преку уметнички фотографии и богата естетика.

Сафа Сидики

Една од главните модни икони на Саудиска Арабија и воедно ѕвезда на Дубаи Блинг, таа е вистински пример за живеење живот на висока нога. Иако Сафа сака да се разоткрива, нејзиниот сопруг, успешен бизнисмен, се обидува да остане во сенка. Сафа е вљубеник во модата и често експериментира со различни стилови, но секогаш на таков начин што сите се свртуваат кон неа. Мајката на две деца не дозволува да изгледа несредено ниту веднаш по породувањето.

Линда Андраде

„Домаќинката од Дубаи“, Линда вели дека месечно троши 5.000 евра на козметика, колку што е потребно за да изгледа убаво. Линда се омажила на 19 години, но првенствено му помогнала на својот татко да развие голема технолошка компанија, а потоа и на нејзиниот сопруг да започне успешна академија. Сега студира медицина, но се занимава и со маркетинг, па често споделува фотографии од патувањата, предлози за облека, но и интересни клипови за „тешкотиите“ да се биде во брак со милионер.

Соуди од Арабија

@soudiofarabia Another foodie advenure in Dubai ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Habibi (Albanian Remix) - Ricky Rich & Dardan

Соуди е сопруга на милионер, која не крие дека деновите и минуваат во средување по козметички салони и одење во скапи ресторани. Нејзиниот сопруг Џамал ​​редовно и дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот. На социјалните мрежи редовно објавува содржини кои укажуваат дека живее на високата страна. Соуди ја поминала ноќта пиејќи коктели од 24-каратно злато со убав оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг. Таа го објави клипот со натпис: „Третманот на принцеза е она што ми треба.“

Лојаин Омран

Лојаин е и водителка и ѕвезда на серијата на Нетфликс Dubai Bling, но нејзината кариера оди многу подлабоко. Лојаин е, пред се, банкарка, потоа работела како менаџер за наплатата на Visa Debit, а потоа решила да работи во медиумите и стекнала огромна слава. Водеше неколку емисии и важи за една од највлијателните жени во регионот. За нејзиниот приватен живот се знае многу малку, а се зборува дека се развела за да и се посвети на кариерата. Сепак, од нејзиниот Инстаграм-профил се гледа дека и покрај завидниот професионален живот, таа ужива во луксузот кој доликува на „милионер“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk