logo
logo
logo

Ова се главните симптоми на индискиот сој

Vecer | 14.06.2021

Ова се главните симптоми на индискиот сој

Главоболки, болки во грлото и течење на носот се едни од најчесто пријавените симптоми на индискиот сој на корона вирус во Велика Британија, пишува „Би-би-си“.

Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите на таканаречената инфекција на индискиот сој или делта варијанта на вирусот, наводно, се разликуваат од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирусот, а се повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на силна настинка – течење на носот, болки во грлото и главоболки.

Податоците биле собрани врз основа на истражување на примероци од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликацијата.

- Немаме добри вести, бележиме експоненцијално зголемување на новозаболени, особено во северо-западниот дел на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години. Помладата популација не е вакцинирана или е вакцинирана само со првата доза, со што, се разбира, не се постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но она на што треба да обрнеме внимание е сè уште т.н. „долг ковид“, така што Велика Британија дефинитивно има проблем“, вели професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на вирусот ковид-19 и продолжуваат со вообичаениот тек на живот и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.

Професорот апелира на потребата да се добие втора доза од вакцината и да се остане дома кога ќе го забележите првиот симптом во однос на главоболка, болки во грлото и течење на носот.

- 90 проценти од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, пишува „Би-би-си“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk