logo
logo
logo

Ова преслатко кутре е вистински херој: Девојка сакала да скокне од мост и да изврши самоубиство, а денес е жива заради него!

Vecer | 18.06.2021

Ова преслатко кутре е вистински херој: Девојка сакала да скокне од мост и да изврши самоубиство, а денес е жива заради него!

Ова слатко кутре е прогласено за херој откако успеал да спаси жена која сакала да скокне од мост и да изврши самоубиство.

Спасувачката служба Девон соопштила дека кучето по име Дигби кое работи со нив – односно помага во преговори со лица кои сакаат да си го одземат својот живот во вторникот успеало да ја спаси жената која сакала да се фрли од мостот на патот М5 во близина на Ексетер.

Во низа објави на Твитер, потпаролот на службата изјавил дека кутрето пристигнало на местото на настанот во моментот кога преговорите со жената биле критични.

-Една наша колешка имаше идеја да дојде на местото на настанот со нашето куче Дигби. Кога Дигби пристигна на мостот, младата жена го погледна и веднаш се насмевна, изјавил потпаролот.

Кога ја виделе нејзината реакција, тие веднаш ја прашале дали сака да се сретне со Дигби.

-Ја прашавме дали сака да го запознае нашето кутре. Таа се согласи а ние и дадовме насоки како да се симне од мостот, додава тој.

Имено, ова преслатко кутре претходно се користело за терапевтски разговори за работниците на службата кои биле изложени на трауми.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk