logo
logo
logo

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ! Детали од приватниот живот на претседателот, прв пат зборува за ова...

Vecer | 19.03.2021

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ! Детали од приватниот живот на претседателот, прв пат зборува за ова...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ гостувајќи синоќа на јавниот сервис изнел детали од својот приватен живот кои се малку познати во јавноста.

На прашање на новинарот за тоа како се опушта, кои книги сака да ги чита и која музика преферира да слуша, Вучиќ рекол дека тој е човек кој ретко кога се опушта.

- Ретко се опуштам, но читам секој ден. Секогаш имам 5-6 книги покрај себе, сега најмногу учам германски. Други се, стручна литература, енциклопедиски изданија и се ново што ќе се појави – рекол Вучиќ и додал дека ретко чита белетристика бидејќи нема време за тоа.

- Она што ми смета е што се помалку се чита и сега сваќам колку ни била потребна “Дара од Јасеновец“ – рекол Вучиќ.

Претседателот на Србија додал дека за музика нема баш многу време откривајќи дека неможе да слуша музика додека чита.

- Неможам да работам пет работи истовремено. Читам брзо и дијагонално, ги научив сите техники за брзо читање – рекол Александар Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk