logo
logo
logo

Ова НЕ смеете да го правите со лубеницата! Сите ја правиме ИСТАТА грешка

Vecer | 22.06.2022

Ова НЕ смеете да го правите со лубеницата! Сите ја правиме ИСТАТА грешка

Лубеницата на многумина им е омилено овошје бидејќи е многу освежувачка. Точно е дека е многу повкусна кога е ладна, па заради тоа и ја ставаме во фрижидер, но експертите тврдат дека тоа не е најдобрата опција.

Советуваат  лубеницата која не е баш зрела да ја оставите на собна температура, но подалеку од директна сончева светлина, бидејќи на тој начин ќе ги задржи хранливите состојки и вкусот, додека во фрижидер побрзо ќе го изгуби вкусот и бојата.

Ако вашата лубеница е сепак зрела, не ја сечете, во тој случај ставете ја цела во фрижидер каде што ќе остане свежа и до три недели.

Фрижидерот е добра опција дури и ако лубеницата е веќе исечена, а потоа парчињата треба да се стават во херметички сад за складирање храна или во пластична фолија, за да се зачува текстурата и сочноста, но и  парчињата лубеница да впијат што помалку други мириси од фрижидерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk