Мотоциклистов и буквално треба да слави два родендени после оваа случка, затоа што за влакно му успеало да ја одбегне смртта. Се се случило откако тој паднал на пругата сосе својот мотор, но за среќа, пред возот побегнал во последната секунда.

А се случило откако возејќи го својот мотоцикл удрил во едната од безбедносните рампи. По ударот загубил рамнотежа и паднал. Машиновозачот го забележал, но запрел предоцна – од моторот веќе не останало ништо, а типот спасил глава.