logo
logo
logo

ФОТО

ОВА Е ЗАСТРАШУВАЧКО: Во мини здолниште и деколте позирала до отворениот ковчег во кој лежел нејзиниот покоен татко

Vecer | 27.10.2021

ОВА Е ЗАСТРАШУВАЧКО: Во мини здолниште и деколте позирала до отворениот ковчег во кој лежел нејзиниот покоен татко

Социјалните медиуми имаат големо учество во нашите животи во последите 10 години. Но не секогаш нивното влијание е позитивно. Во изминатиов период сме сведоци на многу бизарни трендови кои се појавуваат на социјалните мрежи, но и на инфуенсери кои ги поддржуваат и промовираат ваквите трендови. Па така, неделава трендинг станаa и селфи фотографии до отворени ковчези на погреби.

Неименувана Американка деновиве е мета на корисниците на Редит откако позирала во кратко фустанче покрај отворен ковчег во кој верувале или не, лежел нејзиниот татко. Имено, таа позирала облечена во кратко црно фусанче со изразено деколте и високи потпетици и тоа веднаш до отворениот ковчег во кој лежел нејзиниот покоен татко.

Откако ваквите бизарни фотографии го привлекоа вниманието меѓу корисниците на социјалните мрежи, многумина решија да не го сокријат своето разочарување од постапките на оваа девојка.

-Ова е неверојатен израз на непочитување, Ова е страшно, Едноставно е тажно и се надевам дека некој ќе и укаже дека ова е погрешно, се само дел од коментарите кои луѓето ги пишуваат под овие бизарни фотографии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk