Лејвери Купер, попозната по уметничкото име Шармион, е првата жена што се занимавала со бодибилдинг.

Според списанието за спортска историја, Шармион дебитирала во 1897 година во Њујорк.

Таа започнала со стандарден трапез облечена целосно во викторијански стил. Почнала да настапува како тинејџерка и имала специјална изведба за краток филм на Томас Едисон, снимен со камера во 1901 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Janine Pollenflug (@ladypollenflug)

Потоа, што било многу ризично и авангардно, изведувала и мал стриптиз со својата точка. Во кратката снимка, двајцата мажи се гледаат како аплаудираат и ја зграпчуваат нејзината гардероба, што било спротивно од тогашното учтиво општество, кое требало да се згрози од таквиот чин.

На преживеаните фотографии од 1904 година, Шармион ги покажува мускулите на рацете и грбот. Нејзиното мускулесто тело тогаш било невообичаено, пред се се сметала за женствена, и за да покаже дека силата и сексапилот одат заедно, изведувала заводливи точки.

Живеела до својата 73 година и починала во Санта Ана, Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sideshow Ballyhoo (@sideshowballyhoo)