logo
logo
logo

„Ова е нашиот дом, а не убава позадина за Инстаграм“

Vecer | 18.04.2021

„Ова е нашиот дом, а не убава позадина за Инстаграм“

Прекрасен ланец на планини се протега низ северниот дел на Сахара – ова се петте утврдени градови на долината М’Заб, која припаѓа на Алжир.

Сите заедно се познати како Пентаполис.

Овие пет утврдени градови се Ел-Атеуф, најстариот, основан во 1012 година, Мелика, Бунура, светиот град Бени-Изген, како и Гардаја, главната населба и трговско „срце“ на целата долина М’Заб.

 

Пред 40 години, М’Заб зазел и заслужено место на списокот на културно наследство на УНЕСКО, поради својата препознатлива култура и архитектура.

– Уникатната комбинација на домородното население од Северна Африка и исламската вера го прави ова место толку посебно. Нема такво нешто на друго место, ниту во Алжир, ниту во остатокот од светот – изјави за Би-Би-Си локалниот водич Калед Мегнин.

Мозабити, полуномадски народ со свој посебен јазик, Тумзабт, ги основа градовите на долината М’Заб, каде што сега живеат над 360 000 луѓе.

 

Логично е дека таквата реткост ги привлекува туристите, но интересно е што постои регулатива која предвидува сите посетители, вклучително и Алжирците, да можат да влегуваат во градовите М’Заб само придружени со локален водич.

– Не гледаме на тоа како на работа, туку на должност. Ние сакаме да ги заштитиме овие градови и начинот на живот што се одвива во нив“, рече Мегнин.

Употребата на тутун одамна е забранета во историските центри од религиозни причини, а некои од многуте други забрани вклучуваат и селфи, носење непристојни фустани и користење мобилни телефони.

– Ние сме многу љубезни, а посетителите се добредојдени, но ги замолуваме да го почитуваат мозабитскиот начин на живот. Тоа е нашиот дом, не само убава позадина за објава на Инстаграм. Не сакаме М’Заб да се претвори во „Дизниленд“ во Сахара – објаснува Калед Мегнин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk