logo
logo
logo

Ова е најсуровата жена во светот: За да изгледа помлада се бањала во крв на тинејџерки кои ги убивала!

Vecer | 11.06.2021

Ова е најсуровата жена во светот: За да изгледа помлада се бањала во крв на тинејџерки кои ги убивала!

Елизабета Батори или позната како Крвава грофица е со потекло од Унгарија и во времето во кое живеела била најбогатиот аристократ во својата држава.

Таа станала позната по сериските убиства на млади девојки, а е наведена и во Гинисовата книга на рекорди како жена која убила најмногу луѓе.

Елизабет Батори е родена на 7 август 1560 година во унгарскиот град Нирбатор. Таа пораснала во богато семејство.

Нејзиниот татко бил брат на гувернерот Андрас Батори, а нејзината мајка Ана била ќерка на друг гувернер Иштван 4. Покрај Елизабет, нејзините родители имале уште 2 девојчиња и едно момче.

Детството Елизабет Батори го поминала во замокот Ечед и таму учела германски, латински и грчки јазик. Во нејзината биографија се вели дека таа страдала од ненадејни напади, што може да се должи на епилепсија. Но таа не била единствена во семејството која имала здравствени проблеми – имено, сите во семејството Баториј страдале од епилепсија, шизофренија и зависност од алкохол.

На млада возраст, Батори често паѓала во неразумен бес. Вреди да се напомене дека таа го исповедала калвинизмот (едно од верските движења на протестантизмот). Некои нејзини биографи сметаат дека токму нејзината вера ги предизвикала масакрите.

Кога Батори имала едвај 10 години, нејзините родители ја свршиле со Ференц Надашди, синот на баронот Тамаш Надашди. Пет години подоцна, тие се венчале а на церемонијата присуствувале илјадници гости.

Надашди на својата сопруга и го дал замокот Чахтитски и 12 села околу него. За време на бракот, Батори често била сама бидејќи нејзиниот сопруг студирал во Виена а подоцна во 1578 година му било доверено да ги води унгарските трупи во битките против Отоманската империја.

И додека нејзиниот сопруг се борел на бојното поле, таа се занимавало со домаќинство и раководела со работите во замокот. Како плод од овој брак, Батори родила шест деца.

Сите деца на Крвавата грофица биле воспитувани од гувернанти, додека таа не им посветила соодветно внимание.

Според некои биографии, Батори на своја 13 годишна возраст пред да стапи во брак со Надашди, забременила од слугата по име Шарвар Ласло Бенде.

Кога нејзиниот татко станал свесен за тоа, тој наредил да се оддели девојчето Анастасија од Елизабета за да го спаси семејството од срам. Сепак, недостатокот на веродостојни документи што го потврдуваат постоењето на девојчето може да укаже на тоа дека можела да биде убиена уште во детството.

Во 1604 година, на своја 48 годишна возраст умира Ференц Надашди, а во пресрет на неговата смрт, тој му се доверил на грофот Турзо и го замолил тој да се грижи за шесте деца и сопругата. Токму овој гроф е човекот кој подоцна ги испитува злосторствата на крвавата грофица.

Убивала млади невини девојки 

За злосторствата на Елизабета почнало на широко да се збори во раните 1600ти години – гласините за нејзината суровост се ширеле низ целото кралство.

Еден од лутеранските свештеници се посомневал во вршење окултни ритуали и ја пријавил пред локалните власти.

Сепак, официјалните лица не обрнале доволно внимание на овие извештаи. Но во меѓувреме, бројот на поплаки против Батори се зголемил толку многу што злосторствата на грофицата биле дискутирани низ целата држава.

Па оттаму и започнала сериозна истрага за случајот. А во времетраење од 2 години биле собрани сведочења на над 300 сведоци, меѓу кои биле и слугите на замокот Сарвар.

Сведоштвата на луѓето што биле интервјуирани биле шокантни. Тие тврделе дека првите  жртви на грофицата Батори биле млади девојки со селско потекло. Таа ги ловела несреќните тинејџерки со тоа што ги викала во нејзиниот замок со изговор дека сака да ги вработи како слуги.

Подоцна, Батори започнала да се потсмева сиромашните деца, кои ги претепувала, па дури и им гризела месо од лицето, екстремитетите и другите делови од телото.

Таа своите жртви или ги изгладнувала од глас или ги замрзнувала. Во опишаните злосторства учествувале и други луѓе - соучесници на Елизабет Батори, чија задача била да и носат девојчиња по пат на измама или насилство. По нејзината смрт се појавиле и тврдења кои велат дека таа се капела во кртва на девојчиња девици се со цел да ја зачува нејзината младост.

Како била уапсена?

Во декември 1610 година Турзо ја уапси Елизабет Батори и четворица нејзини соучесници. Властите во истрага нашле една мртва девојка и друга која била во критична состојба. Другите затвореници ги чувала во тајна просторија во замокот.

Судскиот процес против неа и нејзините соучесници започнал на 2 јануари 1611 година. Интересен факт е дека Батори одбила да го искаже своето мислење за извршените злосторства.

Точниот број на жртви на Крвавата грофица сè уште не е познат. Некои сведоци зборуваа за десетици измачувани и убиени девојчиња, додека други пак тврдат дека бројката е над 100.

Според сведоштвото на една жена која работела во замокот Батори измачувала околу 650 девојчиња. Сепак ваквото тврдење не е докажно – па оттаму судски и се судело за 82 жртви.

Три од жените соучесници на Елизабет Батори биле осудени на смрт. На две од нив им биле откинати прстите со врели клешти а потоа биле запалени, додека пак третата била обезглавена а телото било запалено.

По завршувањето на судењето, Батори била затворен во самица во замокот Чеите – вратите и прозорите биле блокирани со цигли, а имало само мала дупка за вентилација, преку која храната и се послужувала.

На денот на нејзината смрт, на 21 август 1614 година, Елизабет Батори му се пожалила на стражарот дека нејзините раце се ладни, но и препорачал да легне. Таа го послушала а следното утро била пронајдена мртва.

Администрацијата на Бајден на секој начин се обидува да ги мотивира Американците да се вакцинираат. Па така, новата акција иако е контроверзна може да биде најефективна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk