logo
logo
logo

Ова е најлошото изневерување И ТОА КАЈ ДЕВОЈКА МУ ДОМА!

Vecer | 10.04.2021

Ова е најлошото изневерување И ТОА КАЈ ДЕВОЈКА МУ ДОМА!

Еден Британец признава дека не се чувствува виновен за изневерување на својата девојка, ни помалку ни повеќе туку со нејзината мајка, и вели дека има се поголем проблем да се справи со нив две.

„Сексот со мајката на мојата девојка е неверојатен, отсекогаш сум сакала постари жени“, ја започнува својата приказна тој на интеренет страница за љубовни проблеми.

„Минатиот април, девојка ми и јас се преселивме кај нејзината мајка за да заштедиме пари да не плаќаме кирија. Отпрвин, имав чувство дека нејзината мајка не ме сака. Никогаш не ме погледнала во очи, а нашата комуникација беше минимална“, објаснува момчето и продолжува:

„Кога поминував покрај неа, таа бегаше за да избегне контакт. Во една прилика, таа налета на мене додека излегував од бањата и мислев дека ќе се онесвести“.

„Сепак, неколку дена подоцна, таа ми призна дека секогаш сум ја привлекувал, но дека се преправа дека е резервирана, за нејзината ќерка да не се сомнева во ништо.„Конечно, едно утро, кога мојата девојка имаше интервју за работа, завршивме во кревет“, вели тој

„Само што слушнавме треснување на вратата, залетавме во креветот и ја искинавме облеката. Тоа беше најдобриот секс во мојот живот. Оттогаш, ние ја користиме секоја можност да водиме љубов. Таа е полна со самодоверба и е вистински господар во кревет “, признава момчето.

„Таа се разведе и има фантастично тело. Кога сум со неа, мојот живот се претвора во сексуален рај. Но, сега имам голем проблем - кога сум со девојка ми, мислам на нејзината мајка. Двете се згодни и привлечни на свој начин“, се наоѓа во дилема Англичанецот.

На крајот сфатил во каква ситуација западнал и смета дека ќе остане без двете иако најмалку го сака тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk