logo
logo
logo

Ова е НАЈЧЕСТИ МАШКИ ЛАГИ на првиот состанок

Vecer | 01.08.2021

Ова е НАЈЧЕСТИ МАШКИ ЛАГИ на првиот состанок

Повеќето луѓе се искрени на првиот состанок, но има и такви кои користат лаги. Повеќето од нив се обидуваат одвреме навреме да ги разубават нештата и со тоа да создадат поинтересна слика за себе.

Според некои истражувања, на првиот состанок се кажуваат невистини за да им се даде втора шанса на луѓето, а најчестите се овие:

Финансиска состојба

Да бидеме искрени, на мажите низ историјата им се суди постојано колку заработуваат и колку можат да заработат и осигурат за своето домаќинство.

Мажот може да се обиде да ве импресионира со приказни за патувања или шопинг, за да не помислите дека не е во состојба да заработува.

Немојте да се изненадите ако дознаете дека тој навистина нема голема плата или е во големи долгови.

Со кого дели простор за живеење

Ако маж живее со своето семејство или цимери, можеби ќе сака да го скрие тоа, бидејќи не сака да мислите дека не заработува доволно за да живее сам.

Тој нема да започне разговор на оваа тема, бидејќи не сака да лаже за тоа. Ако го прашате и тој ви одговори, веројатно ќе се обиде таа животна ситуација да изгледа како привремена работа.

Неговата последна врска

Неговата последна врска може завршила со изневерување или едноставно тој бил виновен за раскинување. Не е исклучено девојката да му го скршила срцето. Ако одлучи да сподели се со вас на првиот состанок, сигурно ќе се обиде да звучи подобро отколку што навистина е.

Сепак, ова е тема што и жените сакаат да ја избегнуваат или лажат, бидејќи ако маж што им се допаѓа седи спроти нив, ниту една жена нема да признае дека е речиси надвор од долгогодишна врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk