logo
logo
logo

ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА ТРЕБА ДА СЕ РАЗВЕДЕТЕ ОД МАЖОТ: Совет од Ирина Какамаде

Vecer | 26.05.2021

ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА ТРЕБА ДА СЕ РАЗВЕДЕТЕ ОД МАЖОТ: Совет од Ирина Какамаде

За сите оние кои размислуваат да се разведат...

Ирина е руска новинарка, економист и политичар, жена која во 2004 година се кандидирала за претседател на Русија. Се мажела четири пари и вели дека секој брак бил подобар од предходниот.

Некои жени му ја простуваат на свој маж изневерата, со години влечат мрзливец и пијаница со себе, додека други, веднаш после првата пречка велат “доста“.

Една жена му се заканила со развод на својот маж бидејќи позајмил пари на другар (не ја прашал, а парите во бракот биле заеднички), додека друга го оставила сопругот бидејќи флертувал со вработена во ресторан (подоцна се испоставило дека ја изневерувал на секој чекор).

Кога ќе ги слушнете овие, очигледно бизарни причини за развод, ќе се запрашате која е вистинската причина за прекин на брачната зедница?

Ако некој е подготвен за брак, тогаш треба да биде подготвен и за недоразбирање кој бракот го носи со себе.

Меѓутоа често се случува луѓето кои се во брак 15 или 20 години во брак, наеднаш се одлучуваат да се разведат. Што е причината за тоа? Желба за нов живот?

Ирина се мажела 4 пати, спрема нејзините зборови, секој нов брак и бил подобар од предходниот. Таа веле дека жената во двасетата и жена во педесетата има различни потреби и приоритети.

Нејзините читателки ја прашале: кога жената треба да го напушти мажот и да побара развод?

"Од мажот мора да заминете, не кога ќе се скарате, туку кога ситниците ќе почнат да ве нервираат. Како човек се облекува, како изгледа, како се рани, како ја наведнува главата... Ако сето тоа почне да ве нервира, тогаш процесот е неповратен. Нема да ви биде подобро“, вели Ирина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk