Арон Тејлор-Џонсон е моменталниот фаворит за улогата на најпознатиот таен агент на светот Џејмс Бонд. Откако беше објавено дека Даниел Крег ќе се „пензионира“ по долгиот ангажман како актер кој го олицетворува култниот филмски таен агент Џејмс Бонд, се постави прашањето кој ќе биде новиот Бонд на оваа генерација?

0635364499, Džejms Bond, Danijel Krejg

Се споменуваа многу имиња, но сегашен фаворит изгледа е британскиот актер Арон Тејлор-Џонс! Претходно се споменуваше дека новиот агент 007 ќе биде музичарот Хари Стајлс, Роберт Патинсон или Том Холанд, но се чини дека кастинг тимот на франшизата моментално најмногу се загреа за Арон.

За потсетување, станува збор за актер кој е најпознат по улогата во филмовите „Ана Каренина“ и „Ноќни животни“, но и по љубовниот живот.

Според странските медиуми, 32-годишниот Арон е совршен избор за новиот Бонд бидејќи е згоден, но нетипичен по изгледот, има продорен поглед, многу е харизматичен, а според истражувањата и анкетите е прилично неодолив за жените – што  Џејмс Бонд треба да го има за понежниот пол.

Сето тоа го прави актуелен прв избор за познатата улога, а потврда за конечниот избор на идниот Џејмс Бонд треба да пристигне во наредните месеци.

 

Aron Tejlor-Džonson

Што се однесува до љубовниот живот на Арон, по кој е попознат отколку по улогите, тоа е необичната врска со две децении постарата Сем Тејлор-Џонсон. Парот секогаш предизвикува коментари и ја интригира јавноста поради големата разлика во годините и необичната љубовна приказна што ја споделуваат. Сопругата Сем е 23 години постара од Арон, а заедно се од 2008 година, кога тој имал само 18 години. Кога се запознале, режисерката имала 42 години, а актерот тврди дека штом ја видел знаел дека таа е неговата сродна душа со која сака да го помине животот.

Се запознале на снимањето на филмот „John Lennon: Nowhere Boy“, во режија на Сем и со Арон во главната улога. Еден месец по средбата, Сем забременила. Арон и Сем имаат две деца – ќерката Вајлда (11) и синот Роми (9).