logo
logo
logo

Открила дека е аутистична во своите 60ти години: Кријам голема тајна од сопругот и децата - се плашам од осуда!

Vecer | 20.06.2021

Открила дека е аутистична во своите 60ти години: Кријам голема тајна од сопругот и децата - се плашам од осуда!

Недостатокот на поддршка и осудата на околината честопати се причини кои не оддалечуваат од блиските луѓе, па затоа се решаваме некои работи да ги премолчиме или да ги задржиме за себе. На ваквите чекори се одлучуваме се со цел да избегнеме стрес, срам, негативни коментари или пак непотребни совети. Сепак, живеењето во тајна не е лесно.

Анонимна жена се обратила до Гардијан и тоа откако добила лекарска дијагноза. Таа се плаши дека нејзиното откривање на вистината ќе и направи повеќе штета отколку корист.

-Неодамна бев дијагностицирана со пореметување на аутистичниот спектар, она што порано се нарекуваше Аспергеров синдром. Како што се приближувам до шеесетите години, оваа дијагноза ми помогна да разберам зошто односите, социјалните ситуации и усната комуникација се толку предизвикувачки за мене – особено на работа, изјавила таа за советникот Елен Гордон Смит со надеж дека токму таа ќе и помогне да ја разреши дилемата за која говори подолу.

Објаснува дека досега нејзината дијагноза ја споделила само со една пријателка – која боледува од биполарно растројство.

-Дали треба да му кажам на мојот партнер? На децата кои се тинејџери? На мојот менаџер на работа, се прашува таа.

Набрзо потоа и стигнал одговор од Елен која најпрвин и укажала на разликата помеѓу чување приватни работи и тајни.

-Лесно се заборава таа разлика – особено кога станува збор за ментално здравје. Денес раскажувањето на својата приказна е честа пракса и се смета за вредност, додека пак вредноста на приватноста е невидлива. Природно е што сакаме да ги споделиме своите тајни со другите луѓе бидејќи на тој начин стануваат видливи. Тогаш сомнежот го снемува и чувствуваме дека ќе бидеме добро, стои во одоговорт на Елен.

Таа и додава дека разговор за нашето ментално здравје успева и прави да се чувствуваме подобро, но не дека сите соговорници се добри во тоа.

-Не можеме однапред да знаеме кои добронамерни реплики ќе помогнат. Може да биде за вас штетно, како и за вашиот однос со тој човек. Не треба да се изложувате на таа можност доколку не сте подготвени. Верувајте му  на вашето искуство и откријте што вам ви помога. Како прво, важно е да согледате што вие научивте за себе откако бевте дијагностицирани. Дозволено е да го развивате овој однос пред да им кажете на другите, додава Елен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk