logo
logo
logo

Откриен магичниот напиток заради кој Кејт Мидлтон има совршена линија

Vecer | 02.06.2023

Откриен магичниот напиток заради кој Кејт Мидлтон има совршена линија

Кејт Мидлтон откако се појави во јавноста е буквално истата - исклучително вита, затегната и здрава, па поради тоа вечно се водат полемики како успева. Нејзината вита става е резултат на здравиот живот, тренинзите, но и балансираната исхрана.

Луѓе блиски до неа велат дека Кејт со години ги нема сменето навиките, секое утро го јаде истиот појадок: овесна каша богата со протеини, јаглехидрати и влакна, која долго ја држи сита и ѝ дава доволно енергија за сите обврски. По овесната каша, најчесто пие зелен кашест сок во кој има: ѓумбир, круша и авокадо.

А еве го и „тајниот рецепт“

Потребни состојки:

  • 200 мл кокосова вода
  • половина авокадо
  • 1 круша
  • 1 лажица свежо цеден лимонов сок
  • 1 грст спанаќ
  • 1 см исечкан корен од ѓумбир
  • 2 свежи коријандера

Начин на приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете.

Вреди да се проба!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk