logo
logo
logo

Отишле на концерт ТРИ НОЌИ ОСТАНАЛЕ ЗАГЛАВЕНИ ЗАРАДИ СНЕГ (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 01.12.2021

Отишле на концерт ТРИ НОЌИ ОСТАНАЛЕ ЗАГЛАВЕНИ ЗАРАДИ СНЕГ (ФОТО+ВИДЕО)

Чистач на снег успеа да се пробие до пабот „Тан Хил Ин“, изграден на најголемата надморска височина во Велика Британија и да ги ослободи гостите кои три ноќи беа заробени од снежните наноси што ги донесе невремето Арвен.

На врвот на Јоркшир Дејлс, на 528 метри надморска височина и 18 километри од најблискиот град, се наоѓа најизолираниот паб во Британија, „Тан Хил Ин“ сместен во куќа од 17 век, која исто така се смета за единствена зграда во Британија изградена на таа висина.

Шеесетина гости кои пристигнале во петокот вечерта да уживаат во концертот на трибјут бендот на групата „Oazis“ кога невремето Арвен го зафати Обединетото Кралство, останале “заглавени“ за време на викендот.

По тридневното дружење поминато во играње квизови, табла и пеење караоке, покрај гостите, членовите на „Noazis “ успеаја да ги извадат возилата од снегот.

Генералниот директор на пабот, Никол Таунсенд рече гостите гледале филмови и уживале во традиционалниот неделен ручек.

„Сите гости беа прекрасни, па имавме неверојатна среќа. Тие беа полни со поддршка, разбирање и трпение“, изјави Таунсенд за утринската програма на ITV, додавајќи дека гостите помогнале да се исчисти и да се подготви ручек.

„Тие исто така се согласија да ги делат собите со оние кои немаа резервација, некои дури спиеја на софи и подови“, додаде таа.

Покрај храната, пијалоците и забавата, менаџерот нагласува и дека персоналот „се грижел да се грижи за личната хигиена“.

„Сите станавме пријатели. Звучи малку како клише, но навистина сите дојдоа како странци и си заминаа како пријатели“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk