Девојче од Австралија се преселило во куќа покрај гробишта со своето семејство пред осум години, но имало еден проблем, а тоа е дека се плашела да не излезат духови.
Имала само 4 години кога се преселиле, па нејзината мајка ја однела на обиколка покрај гробовите, а девојчето за да го избие стравот од духови започнало да ги чисти гробовите.
- Додека бевме таму, мајка ми доби идеја да започнеме да ги чистиме да ми докаже дека не постојат духови. Мислата за духови исчезна, а јас продолжив да чистам гробови до денес - изјави Џеј Климен за Би-Би-Си.
По осум години, таа добила и награда за социјална работа во локалната заедница.
- Мајка ми плачеше кога ја добив наградата, мислам дека е многу горда на мене - рекла девојката.
Сега оди на гробиштата еднаш или двапати неделно, каде треба да исчисти 3.500 гробови.
Како што вели, веројатно е потребна една година за да се исчисти сè, а кога ќе ја заврши годината, ќе започне одново и одново.
И покрај фактот дека неодамна имала операција на раката, девојчето вели дека ништо нема да ја спречи да ја продолжи својата работа.
„Луѓето се среќни кога ме гледаат и ми се допаѓа тоа“, вели таа.
Овие денови, дури и не размислува за стравот кој го имала.
- Тоа е место каде што се чувствувам како дома, слободно - додаде таа.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=JzDvh2v4AzE[/embed]