logo
logo
logo

ОСУДЕНА БЕЗ СУД - Тајна на Јованка Броз: Роднина на Никола Тесла, а го задржала и моминското презиме

Vecer | 07.12.2021

ОСУДЕНА БЕЗ СУД - Тајна на Јованка Броз: Роднина на Никола Тесла, а го задржала и моминското презиме

Нема никој во регионот, па ни во светот, кој со спомнувањето на Јосип Броз Тито веднаш не се сеќава на Јованка Будисављевиќ Броз. Помалку познат факт е дека таа имаше две презимиња, бидејќи моминското презиме го задржа и по бракот со Тито.

Науката не се занимаваше многу со нејзиниот живот, но за неа се зборуваше и пишуваше сите овие години. Но, и покрај сите текстови и биографии, немаме одговор што се случи со Јованка Броз, како што рече историчарот Огњен Карановиќ на трибината „Случајот Јованка Броз“.

Јованка е родена на 7 декември во 1924 година во селско семејство, во градот Пеќане во Лика, во семејството на Михајло и Милица. Историографијата забележала неколку истакнати членови на семејството Будисављевиќ.

Еден од братучедите на Јованка е Никола Тесла, бидејќи нејзиниот братучед Тома Будисављевиќ му бил прадедо на Тесла“.

Основното училиште Јованка го завршила во родното село, но не го продолжила редовното образование поради семејни причини. Во 1941 година на тој простор бил инициран отпорот на српскиот народ и токму во куќата на Јованка во Пеќани тоа лето биле организирани првите состаноци на четничката војска, потоа на југословенската војска и претставници на партизанското движење.

Според сопствените тврдења, Јованка Будисављевиќ во 1941 и 1942 година се борела во женската младинска чета Лика, а потоа и во младинската чета во Кордун. Потоа се приклучила на познатата Лика дивизија.

Таа го запознала Тито во 1944 година, непосредно пред слетувањето на Дрвар. Карановиќ изјави дека Тито и обрнал внимание, бидејќи била исклучително убава девојка.

Броз тогаш живеел во Белата палата со Даворјанка Пауновиќ или Зденка, која починала од туберкулоза во 1946 година. Политичките структури околу Тито оцениле дека тој треба да го олесни тој период на жалење. Изборот паднал на Јованка.

Но, до 1952 година била непозната за пошироката јавност и редовно и педантно ги извршувала своите должности - се грижела за доверливата архива, а подоцна и за личните документи на Тито.

Во тој период завршила гимназија и курс за дактилографка. Се запишала на студии по литература, но не ги завршила. Во 1951 година Тито, решил да ја запроси. Кога се венчале тој имал 60, а таа 28.

До 1975 година е претставена како негова сопруга и негова лична и силна „поддршка“ во соочувањата со многуте предизвици кои југословенското општество мораше да ги надмине за да може воопшто да опстане.

Таа е одвоена од Тито за прв пат во 1975 година во Игало, под обвинение на комунистичката кујна дека подготвувала заговор да го собори Тито и да ја преземе власта со генералот Ѓоко Јованиќ. .

Две години подоцна, таа и Тито биле дефинитивно разделени; бил прекинат секој контакт меѓу нив. Таа останала во изолација. Веста за болеста на Тито, а потоа и за неговата смрт во 1980 година ја добиле во вилата во Ужичка бр.15.

Најпрвин не ѝ било дозволено да присуствува на погребот на Тито, но со интервенција на премиерката на Индија, Индира Ганди, таа одлука е сменета.

Во следните месеци и биле одземени сите лични работи, а со закана со пиштол била преместена во друга, целосно без услови куќа.

Следните 33 години ги помина во изолација, без приходи, иако имаше право на пензија, без никој официјално да објасни зошто е виновна без вина и осудена без суд“, заклучува историчарот Карановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk