Островска држава чиј пасош станува нов статусен симбол меѓу богатите луѓе

Како еден од трендовите кој во моментов важи за статусен симбол меѓу богатите во целиот свет е да се поседува пасош од островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море.

Станува збор за шармантна медитеранска дестинација која нуди уникатни плажи, убаво време и релаксиран начин на живот, па затоа е една од најпосакуваните локации меѓу богатите кои масовно аплицираат за нејзиниот пасош.

Пасошот на Малта, која е дел од Европската унија, дава привилегија за безвизно патување во вкупно 182 земји.

Покрај тоа, Малта не наметнува даноци за приход, подвижен и недвижен имот и наплаќа само 15 отсто данок за парите венесени во земјата.

„Доколку имате јахта и два авиона, следно нешто што ви треба е пасош од Малта“, вели Кристијан Калин, директор на компанијата „Henley & Partners“.

„Се работи за најновиот статусен симбол. Имаме клиенти кои во својата колекција сакаат да имаат пасоши од различни земји“, објаснува тој.

Малта е една од 10. земји во светот која им овозможува на странците да купат државјанство, поточно да вложат пари и да придонесат за развој на земјата во замена за државјанство.

Интересно, пасошот на Малта е поевтин од австриски или кипарски пасош за речиси милион и пол евра и чини „само“ 1,25 милиони евра.

Акцијата „купи пасош“ привлекла најмногу руски богаташи, а Малта донесе повеќе од 700 инвеститори и 960 милиони евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари