logo
logo
logo

ОСТАВЕТЕ ЈА РЕРНАТА ПОЛУОТВОРЕНА - Скандалозни совети за загревање на грчка телевизија

Vecer | 15.01.2022

ОСТАВЕТЕ ЈА РЕРНАТА ПОЛУОТВОРЕНА - Скандалозни совети за загревање на грчка телевизија

Додека сите медиуми во Грција известуваат за поскапување на струјата и парното, државната телевизија ЕРТ 3 имаше „интересни“ совети за Грците.

Имено, таа препорача некои методи за затоплување на домовите на евтин начин, од кои некои се туширање со отворена врата и затворање камини. Сепак, најчудниот и веројатно најопасниот метод кој се препорачува е да се остави рерната полуотворена, пренесува порталот Keep Talking Greece.

Како тоа ќе се одрази на пониската сметка за струја - не е објаснето.

Исто така, според порталот, не е објаснето до кога пареата од туш кабината ќе може да го грее домаќинството, како и колку ќе можат да преживеат доколку се затвори оџакот на запалениот камин.

Коментирајќи ја ситуацијата на Твитер, некои Грци се повикаа на неодамнешната препорака до Британците дека „гушкајте ги домашните миленици за да се стоплите и заштедите на сметките“, вртете хулахоп во дневната соба или јадете чорба за да се загреете во текот на зимата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk