logo
logo
logo

Ослабела повеќе од 30 килограми, оваа позната актерка никогаш не била послаба!

Vecer | 31.05.2021

Ослабела повеќе од 30 килограми, оваа позната актерка никогаш не била послаба!

Актерката Ребел Вилсон минатата година ја прогласи за година на здравје и беше на строг режим на исхрана, а резултатите гордо ги покажува од ден на ден. Таа рече дека изгубила 30 килограми, но според последните фотографии се чини дека изгубила и повеќе. 41-годишната актерка објави неколку фотографии од приватен авион на Инстаграм на кои позираше во тесна црна комбинација и го истакна тесниот струк.

„Благодарност до Грифин што ги направи овие фотографии откако брзо се пресоблеков“, напиша актерката во описот на фотографиите под кои доби бројни комплименти. Таа минатиот викенд беше на одмор во Флорида со пријателите, документирајќи ги сите детали за патувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Ребел честопати во интервјуата го споменуваше режимот на здрава исхрана кој го практикувала и рече дека се навикнала на својот нов начин на живот. Секое утро вежба напорно, внимава на исхраната и се грижи за своето тело. „Сега е мојот живот“, кратко рече таа неодамна. Тренерот Џоно Кастано е заслужен за неверојатната трансформација на актерката, а тој ја откри и тајната на нејзиниот успех. Таа вели дека познатата актерка успеала да направи забава од вежбањето, а причината што ја постигнала својата цел е всушност - смеењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk