Според едно истражување

Осаменоста е пострашна и од цигарите!

Луѓето кои имаат многу пријатели живеат во просек по седум и пол години подолго од осамените, покажале резултатите од истражувањето на група американски научници.

Американските истражувачи од Универзитетот во Бригам до овој резултат дошле по анализата на податоците за 300.000 лица од четири континенти. Тие утврдиле дека луѓето кои имаат добра мрежа на пријатели имаат и за 50 отсто поголеми шанси за подолг живот, на што годините имале мало влијание.

Тие на крајот констатирале дека малиот број пријатели претставува иста опасност од скратување на животниот век на одредена личност како и пушењето, алкохолизмот или дебелината. Како можна причина за оваа појава се наведува тоа дека луѓето опкружени со пријатели водат повеќе сметка за себе и се помалку изложени на стрес и страв при одржување на својата социјална ,,мрежа''.

Поврзани

Најнови вести

Коментари