logo
logo
logo

Организираше ПРОБЕН ПОГРЕБ, сите „ја оплакуваа“ некои и се смееја (ВИДЕО)

Vecer | 13.05.2021

Организираше ПРОБЕН ПОГРЕБ, сите „ја оплакуваа“ некои и се смееја (ВИДЕО)

Во светот многу настани, пред да се одржаат имаат и своја проба, но реткост е тоа за погреб.  Сепак во Доминиканска Република, жена организираше проба на сопствениот погреб.

Бизарната церемонија беше организирана од страна на 59-годишната Мајра Алонсо на крајот на април во нејзиниот дом во градот Сантијаго.

Нејзините родини и пријатели „во солзи се збогуваа“ од неа, но некоине можеа да издржат па се гледа како се смеат додека другите ги снимаат.

Алонсо пристигнала на пробата на погребот во мртовечка кола, облечена во бело од глава до пети и лежела во бел ковчег што го изнајмила само за тој ден, пренесува Дејли меил.

Пробата чинела околу 820 евра, според медиумите од Доминиканската Република, а парите биле потрошени за ковчегот, како и за освежување на десетина гости.

Алонсо го опиша настанот како „остварување на сонот“ и им се заблагодари на нејзините пријатели, семејство и соседи кои помогнале во организацијата.

„Ако умрам утре, не сакам никој да прави ништо затоа што завршив со сè во животот“, рече Алонсо, алудирајќи на тоа дали ќе направи вистински погреб.

Наводно ги советувала своите најблиски „да не умираат наскоро“, велејќи дека лежењето во ковчегот било „многу топло и осамено“.

Според Алонсо дека токму смртните случаи за време на пандемијата ја инспирирале да го прослави својот живот со лажен погреб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk