logo
logo
logo

Дали е БОЛЕСТ ОПСЕДНАТОСТА СО ЗДРАВА ИСХРАНА?

Vecer | 27.11.2021

Дали е БОЛЕСТ ОПСЕДНАТОСТА СО ЗДРАВА ИСХРАНА?

Зборот кој означува човек кој претерува со тоа што го јаде звучи чудно и тешко е да се поврзе со здрава исхрана. Но, орторексијата е многу поврзана со храната - тоа е нарушување во исхраната кое се манифестира како опсесија со здрава храна.

Луѓето кои боледуваат од орторексија ги оптоварува тоа што секогаш мораат да јадат само она што е здраво, органско и подготвено на одреден начин. За нив е незамисливо да јадат храна од ресторан или храна која не го знаат потеклото и начинот на подготовка.

Некои луѓе, од безопасна потреба да ја променат својата лоша исхрана, одат во друга крајност и паѓаат во орторексија, од која понекогаш не е лесно да се излезе. Тие се опседнати со чистотата на храната.

Орторексијата официјално не е дијагноза, иако почна да го привлекува вниманието на медицинската заедница на почетокот на 21 век. Често се користи за да се опишат поединци кои покажуваат вознемиреност кога станува збор за потеклото и чистотата на храната, а исто така се опседнати со планирање и подготовка на храната. Колку е поневообичаена и порестриктивна исхраната, толку подобро се чувствува човекот. Доколку оваа состојба трае во изразена форма, тогаш се смета за нарушување (практично е во иста група како анорексијата и булимијата).

Која храна ја избегнуваат?

Луѓето кои патат од орторексија не јадат ништо што не е здраво (секако според нивно мислење), а тоа обично значи дека не јадат ништо слатко, мрсно или храна за која не ја знаат калориската вредност. И, дури и ако ја јадат оваа храна, доживуваат голем стрес.

Орторексичарите обично се убедени дека се хранат совршено здраво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk