Опра Винфри никогаш не заборува за својот љубовен живот, еве зошто!

Постојано пишуваа лаги за мене, и не беше лесно да се носам со тоа...

Славната водителка Опра Винфри (64) е во љубовна врска со Стендман Грејм повеќе од 32 години, но никогаш не застанаа пред олтар.

Иако е една од најпознатите жени во свет, многумина ги изненадува тоа што малку се знае за нејзиниот приватен живот, особено за љубовниот.

Во неодамнешен разговор за американски медиуми открила зошто е така, кога признала колку е разочарана во некои луѓе од медиумската индустрија.

Во младоста доста се изгорела со што ја научила лекцијата и сватила како таблоидите не треба да даваат повод за лажни вести и оговарања. Поради тоа решила ретко да се појавува во јавноста во друштво на сојот долгогодишен партнер.

"Долго време ги поленеа со мене медиумите, буквално секој ден бев на страниците на жолтата штампа. Често се вознемирував, а тогаш мојата драга пријателка Маја Ангело ми кажа дека против тоа неможам ништо, и без потреба се потресувам поради нешто што не е моја грешка", рекла познатата водителка.

"Постојано пишуваа лаги, и не беше лесно да се носам со тоа. Некој кој не го доживеал тоа неможе ни да замисли за што зборувам".

Додава дека тогаш донела одлука за која се држи повеќе од 20 години.

"Тоа е главната причина зошто престанав да се појавувам на јавни настани во друштво со мојот Стедман. Сватив дека сегогаш таму ќе биде некој нов фотограф кој едноставно ќе сака да продаде некоја своја приказна, Зошто тогаш да им давам повод?

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари