logo
logo
logo

На онлајн судење се појавил како мачка, ПА ДОКАЖУВАЛ ДЕКА НЕ Е (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2021

На онлајн судење се појавил како мачка, ПА ДОКАЖУВАЛ ДЕКА НЕ Е (ВИДЕО)

Судењата се сериозна работа, иако таму може често да се најдат комични ситуации. Особено сега со пандемијата откако постојат и онлајн судења, па не можејќи да се контроилира ситуацијата дома, таа се одразува во „судницата“.

Така на ова видео адвокатот од Тексас, Род Понтон, за време на онлајн судење случајно му бил заборавен „филтерот за мачки“ вклучен за време на видео повик со судија и не знаел како да го исклучи. А видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи

За помалку од еден ден, тој беше споделен повеќе од 115.000 пати на Твитер, а тој доби повеќе од 300.000 „лајкови“.

Иако судијата Рој Фергусон љубезно се обиде да му објасни на адвокатот дека има филтер вклучен и дека не би било лошо да го исклучи, но мачката (Понтон) во видео повикот одговори со „исплашени очи“ дека не знае како да го направи тоа, па дури и асистентот помагаше неуспешно.

За секој случај, адвокатот истакна дека тој не е мачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk