logo
logo
logo

Омилената поза открива каква ви е врската!

Vecer | 14.10.2021

Омилената поза открива каква ви е врската!

Позата во која партнерите лежат на страна, а мажот е зад жената открива дека се опуштени и посветени еден на друг. Двојките кои ја сакаат мисионерската поза се заедно долго време и речиси си ги завршуваат речениците. Нивниот брак е стабилен, но понекогаш запаѓаат во рутина. Сепак, не им пречи, се чувствуваат удобно и сигурно во таква врска. Љубовта што ја чувствуваат се продлабочува со текот на годините. Сепак, малку разновидност во спалната соба нема да им наштети, тврди американскиот експерт за односи и секс Ники Рансом-Алфред.

Кога жената е горе

Позата во која е жената е горе е знак дека парот знае да се забавува. Овие партнери се полни со самодоверба, сакаат да експериментираат и да ја истражуваат сопствената сексуалност. Врската им се базира на компромис и доверба, и секој од партнерите работи подеднакво напорно за да го реши проблемот, тврди основачката на порталот за љубов и романтика My Secret Luxury, Стејси Рибчин.

’Доги’

Паровите кои уживаат во оваа поза имаат забавна врска полна со авантуристички моменти. Тие се искрени и отворени во сексот, но и во сите области од животот. Таквите партнери се сигурни во својата сексуалност и не се срамат од своето тело, поради што можат да уживаат максимално во врската. Не им се непознати жешките игри со кои се обидуваат да го зачинат својот сексуален живот.

Лажици

Кога партнерите лежат на страна, при што мажот е зад жената, е поза која овозможува посебна интимност. Паровите кои уживаат во положбата „лажици“ се грижливи и посветени, а најмногу копнеат за постојан физички и емоционален контакт. Тие многу добро се разбираат, особено во областа на чувствата. Под туш, во автомобил или на кујнска маса, секој слободен момент го користат за секс. Нивната врска е динамична, страсна и, пред сѐ, спонтана. Таа страст ги носи толку далеку што понекогаш не можат да ги тргнат рацете еден од друг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk