logo
logo
logo

ОМИЛЕНА е медицинска сестра со НАЈЧУДНОТО име во светот! Живее во Чачак

Vecer | 30.11.2022

ОМИЛЕНА е медицинска сестра со НАЈЧУДНОТО име во светот! Живее во Чачак

Давањето име на новороденче отсекогаш имало големо значење бидејќи името како личен знак, според верувањата, ја одредува понатамошната судбина на човекот. Некои имиња се почести, некои поретки, но медицинската сестра во Чачак има име за кое, веројатно, не сте слушнале, се вика Омилена Друловиќ.

Омилена работи во Здравствениот дом во Чачак, а пациентите се прилично изненадени кога првпат ќе ја сретнат. Сепак, како што велат, нејзиното однесување и добрина се во склад со нејзиното име.

- Јас сум средна сестра во семејството и тоа име ми го даде тетка ми која живее во Ниш. Секогаш бев единствената личност со тоа име и тоа ми импонираше. Тоа е необично име, сите се согласуваат, рекла оваа симпатична медицинска сестра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk