logo
logo
logo

Одлична ЉУБОВНА НЕДЕЛА за три знака: Ова се СРЕЌНИЦИТЕ

Vecer | 09.06.2023

Одлична ЉУБОВНА НЕДЕЛА за три знака: Ова се СРЕЌНИЦИТЕ

Астролозите за периодот од 12 до 18 јуни предвидуваат дека ќе биде многу посреќен за три хороскопски знака. Некои ќе има среќа на сите фронтови, други на работен план, а трети во љубовта, но во секој случај ќе имаат добри поводи за радост. Еве кои претставници на зодијакот ги чека убава недела:

Овен

Вашата недела ќе биде бакната од среќа, која ќе започне со понеделник и вторник – два дена полни со убави вести и длабоки чуства, во кои сè може да се случи! Венера е на ваша страна и е подготвена да ви подари љубов и страст, додека Меркур – од своја страна – ќе ги фаворизира деловните состаноци и работните договори. Може да се каже дека преставниците на знакот овен ќе бидат шампиони во среќа во наведениот период. Едноставно се ќе им оди од рака, затоа не губете време – искористете ја оваа среќна положба на ѕвездите за да остварите големи нешта!

Лав

Венера конечно влезе во вашиот знак и планира да остане таму со месеци! Доколку сте веќе пар во следниот период може да се решите да направите чекор напред, без разлика дали се работи за соживот, брак, па дури и дете… Слободните лавови, пак, нема да имаат потешкотии да запознаат заинтересирани, а интересни личности! Родените во знакот на лав може да се каже дека ќе бидат најсреќните во љубовта во следниот период, но воопшто нема да им биде лошо ни на финасиски и деловен план. Планетата Меркур е во одлична положба за лавовите и им гарантира не само романтични, туку и професионални средби и отварање на нови можности. Најсреќни денови ќе бидат петок и сабота.

Стрелец

Како и лавовите, пресреќни во љубовта – конечно – ќе бидат и стрелците. Венера е повторно активна во ваша корист и ќе се чувствувате полни со љубов и желба! Ако сè уште сте сингл, со овие вибрации нема да имате потешкотии да привлечете некој посебен… Паровите, пак, ќе се впуштат во смели планови за иднината. Можни се пријатни изненадувања и на работното место. Просто ќе се запрашате како може вам да ви се случува ова и со што сте го заслужиле. Место да се сомневате, грабнете ја шансата во „лет“ и знајте дека станува збор за минат труд кој веќе сте го одработиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk