Маж (32) од Ресник е уапсен во Раковица под сомнение дека снимал интимни делови од женски тела во трговски центар. Против него е поднесена кривична пријава за сексуално вознемирување во редовна постапка.

Според „Блиц“, тој се шетал низ продавница, а потоа и пришол на жена која во тој момент била на касата. Го испуштил телефонот на подот и ја сликал под здолништето.

Кога го забележала жената, тој се преправал дека бара нешто на подот и гледа низ продавницата. На социјалните мрежи се појави и видео од овој инцидент.

„Здраво, се појави манијак кој ги следи жените и им се слика под сукњите. Можете ли да го објавите ова видео од Ресник? Мажот од видеото се врти низ продавницата и ги слика жените под здолништата. Кој живее во Ресник, особено жените , пазете се!“, стои во објава на социјалните мрежи.