logo
logo
logo

Одбрала 7 броеви за лото што носат МИЛИОНИ: Кога ја видела добитната комбинација – и се слошило

Vecer | 25.02.2021

Одбрала 7 броеви за лото што носат МИЛИОНИ: Кога ја видела добитната комбинација – и се слошило

Не можела да верува што гледа

Британката Тајла Октев (19) се враќала од работа минатата недела кога решила во последен момент да уплати ливче за познатата лутрија EuroMillions.

Знаела дека е можна добивка на повеќе од милион евра, но исто така била свесна дека шансите, благо речено – никакви. Сепак таа ги уплатила броевите и вечерта вклучила ТВ.

Кога ја видела добитната комбинација, како некој да ја полеал со ладна вода. Се укочила почнала да плаче.

На Фејбук го закачила своето ливче и го споредила со победничките броеви.

Каква е шансата да бирате 5,6,11,13, 24, 45,49, а победникот да освои милиони со комбинација – 4, 7, 12, 25, 46, 48, напишала алудирајќи на тоа што секој нејзин број бил за влакно близу до победничкиот.

Нејзиниот пост станал вирален, а луѓето буквално и изразувале сочуство, дека и тие се тажни поради нејзиното промашување

“Мислам дека никогаш нема да играм лото. Сега ми беше таа шанса“, додала Талија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk