logo
logo
logo

ДИМОВА:

ОД СЕПТЕМВРИ СУМ ПРВАЧЕ - нова фаза, нов предизвик! И за децата и за родителите!

Vecer | 21.07.2021

ОД СЕПТЕМВРИ СУМ ПРВАЧЕ - нова фаза, нов предизвик! И за децата и за родителите!

Тргнувањето на училиште е нова животна фаза, момент на среќа, момент исполнет со возбуда, но и момент на загриженост... И родителите и децата се пред нова животна страница, пред фаза која води кон едно ново поглавје... Но и фаза во која се соочуваат со низа прашања и дилеми за кои одговор  повторно побаравме од Катарина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор и дел тимот на Неокортекс – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, тим којшто се грижи за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Димова воедно е и демонстратор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација.

- Како дел од тимот на Неокортекс, тим којшто се грижи за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни  токму една од услугите што ја нудиме е грижата за здрав раст и развој на најмалите, каде што преку заедничка соработка со моите колеги психолози, психотерапевти, правиме холистичко проценување на индивидуалните резилиентни снаги кај детето, но секако и на семејно ниво.

Секој наш третман започнува со развојна проценка во секој субдомен на развојот: психомоторен, емоционален, социјален и комуникациски. Преку родителските советувања и заедничката соработка со родителите ги поставуваме и исполнуваме родителските цели, кои што во последниот период, праксата докажува дека еден од поголемите предизвици е токму почитта кон авторитет, отпор кон училиште, како и  зависноста од малите екрани која што предизвикува отстапување и не исполнување на развојните задачи од развојната мапа.

Техниките за подобрување на внимание и концентрација, самодоверба и самостојност кај деца, методи и техники за надминување на страв е секојдневна пракса во кабинетот за рана стимулација, а како еден од најголемите предизвици кои што се соочуваме ова лето е токму работата со нашите идни првачиња, вели Димова и додава: - Освен стимулација на психомоторни вештини и стимулација на когнитивните способности, еден од големите предизвици на идните првачиња, а воедно и на нивните родители е токму стравот од неизвесноста и преминувањето во нова животна фаза - ,,Од септември сум прваче.

Повеќето деца со нетрпение очекуваат да тргнат во училиште, со нетрпение очекуваат средби со нови другарчиња, стекнување нови знаења и искуства. Сепак, голем број деца имаат страв и отпор кон училиштето, појаснува Димова.

- Стравот предизвикува силен отпор, непријатност, соматски реакции, кои сите исчезнуваат кога детето е во неговата конфор зона. Како најчеста причина за покажување отпор за новите почетоци во училиште е токму стравот од разделбата од родителите, односно се јавува сепарациона анксиозност. Честа појава на страв и одбивање е и кога децата започнуваат во градинка, па така и со најмалите клиенти, преку терапија со игра ги воведуваме во околностите и бенефитите од одењето во градинка, а родителите ги советуваме да имаат секојдевни ритуали со своето дете разговарајќи за тоа како се чувствуваат, што се случувало во градинка, чек листи за успешно совладани предизвици на неделно ниво, како и многу други техники. Со помош на овие стратегии родителите го поддржуваат своето детето во преминувањето од една во друга животна фаза.

Работејќи со идните првачиња коишто покажуваат страв и отпор од одењето во училиште како карактеристики кои што ги забележуваме се: слабо развиени социјални вештини, разгалување и презаштита, склоност кон перфекционизам, страв од неисполнување на барањата на преамбициозните родители, преокупација со семејни проблеми, ниска самодоверба, неприфаќање на негативните емоции, непознавање на сопствените вредности.

Со цел да се разбере проблемот и да се преземат чекори за да се чувствуваат поудобно во училишната атмосфера, потребно е првенствено да му се помогне на детето да дефинира што му предизвикува страв.  Училиштето и оценките не треба да бидат единствената тема на разговор помеѓу родителите и децата. Постојаната критика ќе развие отпор кон школувањето и образованието. Секоја дефинирана и прецизно насочена пофалба, ќе биде мотивација за соочување со стравовите, а со тоа и за нивно надминување.

Почитувани родители, третирајте ги вашите деца со покажување почит и прифаќање, понудете соработка наместо приговор, почитувајте ги и прифатете ги емоциите на вашето дете, и на крај НЕ за воспитување на база на страв и страхопочит, додава Димова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk