Трауми кои го уриваат планот

Од овие предрасуди се плашат оние кои почнуваат бизнис

Човек со свој бизнис не може да биде секој но, сепак пазарот чека на нови лица кои треба да тргнат по својот пат и заработка. Патот до успех во сопствен бизнос не е лесен, бидејќи и пред некој да се појави има конкуренција на неговите идеи и потфати, треба некој да биде потиснат за новиот да го изгради свото место на пазарот. Притоа, оној кој се намерил на сопствен бизис има ентузијазам но, има и страв. Ова се најчестите стравови со кои се среќаваат луѓето кои сакаат еден ден да се наречат „сам свој газда".

Мислат дека сеуште не се подготвени

И претприемништвото е учење и процес како и секој друг. Никогаш не можете да бидете целосно подготвени, ќе учите секој ден по нешто. Која би била смислата да е поинаку, ден денес би пиеле турско кафе наместо еспресо или макијато ако се било конечно откако го исмислиле турското кафе. И најголемите бизнисмени учат секој ден, замислете како им било на оние на врвот кога е воведен интернет, социјланите мрежи... ако не ги научиле и прилагодиле на своите потреби.

Се плашат дека луѓето нема да ја разберат нивната понуда, деке е се наместено

Не е понетата вие да смислите и верувате дека тоа што го нудите енајваѓно на светот, и секој треба да арзбере дека е така, и да го плати кај вас. Не. Не постои пазарот за да ве задоволи вас, туку вие стражувате што му треба на пазарот и се трудите да задоволите нечии потреби од тој пазар и, пате, да ја наплатите својата работа. И не е се наместено. Биснисмен кој е почетник, кој тукушто влегува во бизнисот, не е конкуренција на мангупите кои ги местат бизнисите.

Тоа е веќе видено

Нормално е дека ретко дека ќе се роди некој Никола Тесла или Стив Џобс во денешно време кога речиси се е измислено, но тоа не значи дека веќе постоечките идеи не можете да ги модифицирате, да ги насочите кон една група, да ги усовршите за подобра примена и подобар профит. Многумина прават чоколади но, некој подобро а некој полошо, има нови играчи во тој бизнис постојано иако чоколадите одмна се стара идеја..

Страв од неуспех

Ова е нормално, и многи почесто кај другите отколку што вие мислите, не е тоа појава која само вас ве блокира, но не треба да ве парализира. Напротив, стравот многу често знае да биде мотор за правење следен чекор кон успехот. И неуспехот е чекор до успехот, па дури и да сте усеале во својот бизнис, секој ден има нов предизвик, конкуренцијата не ве остава на мира и без протисоци. и затоа битно е да се чекори, да се работи, и да се добие максимумот од себе.

Не знаете како да направите се што сакате

А зарем мислите дека е нормално вие да решите да почнете свој бизнис и се да ви е јасно, и точно да знаете што и како да правите? Кога тоа би било така во светов би се укинале сите обуки, книги, школи и факултети... никому не би требал соработник со искуство, и никој не би истражувал во подобрување на својот производ или услуга, усовршување на тоа што го има туку цел работен век би туркал еден ист бизнис, на еден ист начин. Никој не знае што и како треба однапред, тоа е привилегија на најголемите светски компании со истражувачки центри и стотици експерти кои, сепак, и во таков систем пред да се примени или отфрли идејата работат на реални предвидувања што со плановите - понатаму. А вие сепак нема да влезете во бизнисот во фотељата на Стив Џобс, затоа - тргнете и после секој чекор проверувајте каде и каков треба да биде следниот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари