Многумина сметаат дека овие крокс влечките се најгрдите што ги виделе досега, други се колнат во нивната удобност и практичност.
Во извештајот на глобалната модна платформа Lyst за минатата година се вели дека гумените влечки, викани „крокс“ се најдоа на списокот на 10-те најбарани модни парчиња во годината. Модните експерти сметаат дека пандемијата и карантинот влијаеле на нас да го ставиме удобноста на прво место, а нивната популарност продолжи и оваа година.
Во 2021 година, овој модел на гумени влечки е насекаде. На Оскарите, златните „крокс“ ги носеше музичарот Квестлав, а ги носат и познати личности како Аријана Гранде, Рејчел Билсон, Карди Би, Дру Баримор, Џастин Бибер.
View this post on Instagram
Да потсетиме, брендот гумени влечки е создаден во 2002 година и беше наменет само за бродскиот персонал и здравствените работници. Денес, кога високата мода е комбинирана со „грди“ детали, кроксите стануваат сè попопуларни.
Комбинирани се со романтични фустани, мини здолништа. Ги има во скоро сите бои, а некои се збогатени со циркони и налепници.
View this post on Instagram