logo
logo
logo

ОД НЕБО врз куќата им паднал товар вреден 9 мил. евра: Барем имале среќа, кај нас падна обичен воен ранец!

Vecer | 18.05.2022

ОД НЕБО врз куќата им паднал товар вреден 9 мил. евра: Барем имале среќа, кај нас падна обичен воен ранец!

Ковчег полн со кокаин случајно слетал од авион врз соларните панели поставени на куќа на островот Сардинија во Италија. Четири месеци по овој инцидент, полицијата успеала да го идентификува пилотот кој го извел овој неуспешен маневар и да го уапси.

Дожд од кокаин паѓа на Сардинија, пишуваа италијанските медиуми за настанот од крајот на март минатата година, пренесува Гардијан. Ковчегот полн со 8,5 килограми кокаин требало да слета во рацете на дилер во градот Баратили Сан Пјетро, ​​но тој случајно се нашол во дворот на една куќа и при падот скршил соларна плоча.

Слушнавме силен удар, па веднаш ја повикавме полицијата, која го пронајде ковчегот полн со кокаин, изјавиле сопствениците на куќата за овој настан, а доколку кокаинот дојдел во „вистински раце“, неговата вредност на пазарот би била околу девет милиони евра.

Полицијата открила дека авионот полетал од Рим, а исчезнал од радарот на 20 минути, токму во моментот кога правел кругови над градот за да ја фрли робата.

Со помош на надзорни камери и сведоци, откриено е дека пилотот е 28-годишниот Франческо Рико од Рим, кој инаку со авион ги превезувал богаташите, а бил уапсен во пристаништето Каљари Елмас по враќањето од Германија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk