logo
logo
logo

Од корона угина тигар во зоолошка во САД, пристигнат од Москва

Vecer | 01.07.2022

Од корона угина тигар во зоолошка во САД, пристигнат од Москва

14-годишниот тигар по име Јупитер имал неколку хронични болести, што го направило поподложен на коронавирусот, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Јупитер почнал да покажува знаци на болест на почетокот на минатиот месец. Го изгубил апетитот и не можел да се движи или да комуницира со чуварите. По третманот, неговата состојба не се подобрила. Потоа се опоравил и изгледал како да е стабилен, но во неделата ненадејно починал.

Јупитер бил префрлен од зоолошката градина во Москва во зоолошката градина Двор Кралове во Чешка. Оттаму во 2015 година пристигнал во САД каде добил девет младенчиња. Тој е првото животно во зоолошката градина Колумбус кое умрело од Ковид-19.

Иако големите мачки во зоолошките градини ширум светот се позитивни на коронавирусот, пријавени се неколку смртни случаи. Некои зоолошки градини ги вакцинирале своите животни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk