logo
logo
logo

Од корона почина основач на најголемата христијанска ТВ мрежа и закоравен антиваксер

Vecer | 02.12.2021

Од корона почина основач на најголемата христијанска ТВ мрежа и закоравен антиваксер

Тој бил голем противник на вакцинацијата и се заразил со коронавирусот пред неколку недели.

„Со тешко срце објавуваме дека Маркус Ламб, претседател и основач на телевизиската мрежа Daystar, отиде дома утрово за да биде со Господ. Семејството бара да се почитува нивната приватност додека тагуваат за оваа тешка загуба.“, напишале од  Дејстар на Твитер.

Под негово водство, Дејстар емитувал повторливи неосновани теории на заговор против вакцините и тврдења дека вакцините се користат за да се лишат христијаните од нивната слобода.

Тој ги советувал луѓето, меѓу другото, да се молат наместо да се вакцинираат, пишува Њујорк Тајмс.

Во јули 2020 година, мрежата еден час емитувала жалби за „цензура“ околу пандемијата.

Минатиот месец, синот на Лемб, Џонатан, рече дека болеста на неговиот татко била предизвикана од застрашувачки надворешни сили.

„Нема сомнеж дека ова е духовен напад на непријателот“, рекол неговиот син.

Daystar е основана во 1998 година и има повеќе од 100 ТВ станици ширум светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk