logo
logo
logo

„Очајната домаќинка“ Марша Крос, отворено зборува за борбата со тешка болест

Vecer | 25.05.2021

„Очајната домаќинка“ Марша Крос, отворено зборува за борбата со тешка болест

Во новото интервју, Марша Крос зборуваше за нејзината битка со аналниот карцином и важноста за подигање на јавната свест за оваа опака болест.

Ѕвездата на „Мелроуз Плејс“ и „Очајни домаќинки“, во ноември 2017 година откри дека боледува од анален карцином кој е еден од најагресивните видови на рак.

Нејзината болест е во ремисија во последните две години, а актерката отворено зборуваше за списанието Пипл за тешкото закрепнување.

"Јас сум навистина среќна, но не му беше лесно на моето тело да се врати во нормала. Моето ново нормално е дека сум многу попребирлива кога станува збор за исхраната и подобро се грижам за себе", изјави актерката , која за прв пат зборуваше за својата болест кога веќе ги заврши третманите со хемотерапија.

"Не планирав да станам портпарол за аналниот рацином. Сакав да продолжам со мојот живот и кариера. Но, како што минував низ тоа, постојано читав за луѓето кои се срамат, се кријат и лажат за нивната болест, па дури и на докоторите им е непријатно да зборуваат за тоа “, се присетува актерката на која потоа ѝстана мисија да го смени јавниот дијалог за аналниот карцином, за оние кои боледуваат од истата болест да се чувствуваат барем малку попријатно.

"Јас воопшто не се срамам од тоа. Јас сум голем обожавател на анусот и многу ја почитувам таа дупка која ни ги прави нашите животи поудобни. Верувам дека дестигматизацијата е патот што треба да се оди. Сите го имаме и не е нешто од што треба да се срамиш ", рече актерката. која пред ракот доживеала и други лични трагедии.

Таа  бил осум години во врска со 25-годишниот актер Ричард Џордан. Тој почина во 1993 година од тумор на мозокот, а нејзи ѝ требаше долго време да ја преболи неговата смрт.

Потоа актерката се омажи за брокерот Том Махони во 2006 година, а наскоро откако се венчаа, Марша отиде на вештачко оплодување. Двојката ги доби близнчките Еден и Савана, во 2007 година, непосредно пред 45-от роденден на актерката.

Но, две години подоцна, на нејзиниот сопруг му беше дијагностициран рак на грлото и лекарите се сомневаа дека тој е поврзан со ист вид на ХПВ како и нејзиниот рак. Актерката истакна дека уште повеќе го цени својот живот бидејќи со сопругот се соочиле со сериозно заболување.

„Многу сум благодарна што сум жива и здрава и мислам дека ако можам да помогнам и да го дадам тој подарок на друга личност охрабрувајќи ја да направат преглед, тогаш сум направила нешто“, заклучи таа подоцна во едно интервју.

Денес таа живее тивок и затскриен живот со своето семејство, далеку од холивудскиот гламур, но одвреме-навреме се појавува во медиумите за да ја извести јавноста за болеста што ја надмина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCIA CROSS (@reallymarcia)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk