logo
logo
logo

ОБРАТНА ДИЕТА: Најпопуларниот режим на исхрана во светот

Vecer | 26.03.2021

ОБРАТНА ДИЕТА: Најпопуларниот режим на исхрана во светот

Овој режим на исхрана го осмислила фитнес инструкторкаа Софија Ален. Со негова помош на потполно природен начин ќе загубите килограми, а при тоа нема да почувствувате глад во ниту еден момент, тврди таа.

Трикот е во тоа лесно да почнете да правите дефицит на калории. Значи, првата недела намалете ги оброците за 200 калории, следната недела а уште 200 и така додека не дојдете до тоа да внесувате 1 400 калории. Исто така, постепено воведувајте и физичка активност.

Ова е единствен начин килограмите да исчезнат, а да не почувствувате дека сте на диета.

Што кога ќе дојдете до саканите килограми?

После губењето на вишокот килограми сите стравуваат од јо-јо ефекти и враќање на исхраната на која сте навикнати. Но за килограмите да останат непроменети применете го истото правило, но место да намалувате постепено зголемувајте ги калориите. Ќе може да имате 3 оброка, но и десерт, а килограмите нема да се вратат.

„Идејата е во тоа полека да ги враќате калориите. Почнете со 100-200, ако сте внесувале 1 400 калории до сега, така првата недела внесете 1 600, па следната 1 700 и така постепено зголемувајте го бројот на калории се додека не дојдете до 2000 калории дневно, колку што е препорачано за жените„, вели Ален.

Предлог мени:

Појадок: Кафе, омлет од белки и зеленчук, авокадо.

Ручек: Салата од пилешко, тиква, семки од тиква, блитва и морков.

Вечера: Мелено говедско со мексикански зачини, тиквички, печурки и растително сирење, послужено на пченкарна тортиља.

Десерт: Палачинка од белки со банана, цимет и зрнесто овошје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk