Објавена листа на земји чии жители најмногу ВЕРУВААТ ВО ГОСПОД

За време на ова истражување, Центарот Пев објави листа на земји чии жители најмногу „со апсолутна сигурност“ веруваат во Господ.
Објавена е листа на земји во Европа чии жители најмногу веруваат во Господ, а можеби и неочекувано една земја од соседството го зазеде првото место. На Топ листата на 10 земји чии жители веруваат во Бог, дури 7 поранешни комунистички земји.
Листата ја објави Инстаграм профилот Landgeist, според истражувањето спроведено од Истражувачкиот центар Пев. Истражувачкиот центар Пев редовно спроведува национални истражувања на јавното мислење како дел од неговото тековно истражување за ставовите и вредностите. За време на нивното истражување, тие објавиле список на земји чии жители најмногу „со апсолутна сигурност“ веруваат во Господ.
На прво место е Босна и Херцеговина со 66 отсто од луѓето кои веруваат во Господ. Втори на листата се Романија со процент од 64 и Грција, чиј процент на верници е 59.
Што се однесува до земјите од регионот кои се најдоа меѓу првите десет на листата, Србија и Хрватска го зазедоа четвртото, односно петтото место. Тие наведуваат дека населението на Југоисточна Европа повеќе верува во Господ отколку остатокот од континентот. Од друга страна, има една специфична земја во овој регион, а тоа е Бугарија. Процентот на населението што верува во Господ во Бугарија е само 30.