logo
logo
logo

Обетка од 11 век пронајдена на поле во Данска

Vecer | 05.12.2021

Обетка од 11 век пронајдена на поле во Данска

Вредно парче накит, со помош на детектор на метал, на поле во западниот дел на Јитланд го пронашол Франтс Фугл Вестергард.

Во соопштението на Музејот од Копенхаген се вели дека е првпат ваков предмет да биде откриен во Скандинавија.

Се додава дека обетката најверојатно е од византиско или староегипетско потекло и се верува дека била подарок од византискиот император за викиншкиот поглавар. Од понеделник ќе биде изложена во музејот.

„За нас ова е сосема уникатно откритие“, вели музејскиот експерт Питер Пенц.

Викинзите носеле малку накит од походите

Викинзите од своите погоди, патување и трговски експедиции донеле илјадници сребреници, но меѓу нив имало многу малку накит, вели Пенц.

Тој вели дека е изненаден од местото каде што е пронајдена обетката, бидејќи во негова близина нема познати викиншки наоѓалишта.

Златото кое Викинзите го носеле од Византија претходно археолозите го пронаоѓале во викиншките гробници заедно со останатите погребни предмети.

Обетката се состои од златна плочка во форма на полумесечина, чиј емајлиран внатрешен дел е вметнат во златна рамка украсена со ситни златни детали. Прикажаниот мотив претставува две стилизирани птици околу растение кое го симболизира дрвото на животот, пишува Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk