logo
logo
logo

ОВА ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Нутриционистите тврдат дека е подобро да појадувате ПИЦА, отколку снегулки

Vecer | 07.03.2021

Нутриционистите тврдат дека е подобро да појадувате ПИЦА, отколку снегулки

Иако трендовите така налагаат, а некогаш и немањето време да се појадува нешто конкретно, повеќето јадат снегулки и разни каши. И тоа не би било толку страшно ако главно не се посегнува по оние кои се полни со скриени шеќери. Често изборот паѓа и на остатоците од вечерата, а особено е тешко да се одолее ако на менито за вечерата била пицата.

А еве и добри вести - нутриционистите откриле дека поздраво е да се појадува пица отколку полна чинија снегулки.

- Можеби ќе ве изненади овој факт, но едно парче пица и една чинија снегулки со млеко содржат отприлика ист број калории. Сепак, пицата има повеќе протеини и ќе го продолжи чувството на ситост. Освен тоа парче пица содржи и повеќе масти, а помалку шеќери за разлика од одредени снегулки, вели нутриционистката Челси Амер.

Ова, се разбира, не значи дека секое утро би требало да јадете пица, но сепак би требало да размислите пред да посегнете по снегулките кои ги купувате - нема да ги внесете сите потребни нутритивни состојки кои ви се потребни, пренесува УНИЛАД.

Во секој случај, некои стручњаци не препорачуваат ни снегулки кои се полни со шеќери, а ни пица и потсетуваат дека секој појадок мора да биде богат со протеини, добри јаглехидрати и масти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk