Нудист реши да се избања заедно со ајкули: Го замолија да излезе од базенот, тој за инает се врати повторно

Гол човек одлучи да се бања во базен полн со ајкули во Торонто.

Полицијата прими повик за овој необичен настан во петокот наутро.

На видеото кое е поставено на социјалните мрежи се гледа човек како плива опкружен со ајкули додека во позадина се слуша женски глас кој вели: „Мој Боже".

Обезбедувањето го замолило да излезе, и изгледало како да ги послушал. Но во последен момент направил салто наназад и повторно завршил во вода.

Според зборовите на портпаролот на полицијата тој на крајот излегол од аквариумот и исчезнал.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари