Нудат пари за оние кои на работа ќе дојдат со велосипед

Ако почнат на работа да доаѓаат со велосипед компанија од Нов Зеланд нуди пари за вработените. Работниците кои доаѓаат и од работа си одат дома со велосипед добиваат по 5 долари дневно. Доколку се одлучни и со ваквата рутина продолжат повеќе од 6 месеци, сумата двојно расте и изнесува 10 долари дневно. Вработените парите ги добиваат како бонус, на крајот од годината, наведува „Гардијан".

„Подолго време размислував дека би било одлично на некој начин да го промовирам возењето велосипед бидејќи сум посветен велосипедист. Сфатив дека парите се најголемиот мотиватор" - вели Тим Чезни од маркетинг агенцијата „Мејк колектив".

Тој раскажува дека се чувствува енергично и дека оваа идеја е одлична.
Градот во кој е лоцирана оваа компанија, Крајстчрч, има повеќе велосипедисти од кој било друг град во Нов Зеланд и дури 13 велосипедски патеки.

Слични проекти има и во Франција, каде повеќе компании плаќаат за оние кои на работа доаѓаат со велосипед.

Поврзани

Најнови вести

Коментари