Новогодишното украсување во романски град започна порано зошто има само двајца работници

Компанијата за комунални услуги во градот Барлад во источна Романија, веќе почна да поставува новогодишни светилки кои зимава ќе го красат градот.

Иако е само септември, процесот веќе започна бидејќи само двајца работници работат на оваа задача, а сè треба да биде завршено до 1. декември, пренесуваат романските медиуми.

Инженерот и работникот на располагање имаат само едно возило за да ја завршат работата.

Оваа година градот Барлад купи 238 нови декорации за новогодишно осветлување. Тие ќе ги красат градските улици со вкупна должина од 11 километри.

Барлад има речиси 56.000 жители, и се наоѓа на брегот на истоимената река. Таму бил роден романскиот принц Александар Јоан Куза, првиот владетел на обединетите кнежества Молдавија и Тара Романеаска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари