logo
logo
logo

НОВО ПОНИЖУВАЊЕ за Хари и Меган

Vecer | 28.09.2022

НОВО ПОНИЖУВАЊЕ за Хари и Меган

Конфликтот меѓу Сасексови и остатокот од британското кралско семејство не стивнува со години, а во претходниот период не заостанаа ниските удари ни од едната ни од другата страна.

Сепак, се чини дека палатата, по смртта на кралицата Елизабета, се обидува да ги понижи колку што е можно повеќе принцот Хари и Меган Маркл, а британските медиуми сега пишуваат за новиот потег на институцијата како за уште еден во низата понижувања за Хари и Меган.

Имено, војводата и војвотката од Сасекс се преместени на самото дно од веб-страницата на кралското семејство, а нивните фотографии сега се веднаш до оние на обесчестениот принц Ендру.

 

kraljevska porodica

Да потсетиме, дека претходно нивните фотографии, кои водеа до страниците посветени на Хари и Меган, беа поставени на средината од страницата, под постарите членови на кралското семејство и над малолетниците. Но, по ажурирањето на страницата овој септември, по смртта на кралицата Елизабета Втора, Хари и Меган сега се ставени под принцезата Александра и војводата и војвотката од Глостер, далечните роднини на кралицата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk