logo
logo
logo

НОВО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Овие три пијалаци можат да го уништат КОРОНА вирусот за 5 минути!

Vecer | 25.02.2021

НОВО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Овие три пијалаци можат да го уништат КОРОНА вирусот за 5 минути!

Научниците од Универзитетот во Улм објавија дека три пијалоци можат скоро целосно да го уништат вирусот корона кај луѓето.

Германски научници од Институтот за молекуларна вирусологија на Универзитетскиот медицински центар во Улм, истражувале како храната што се користи секој ден може да влијае на ширењето на вирусот корона, но и на грипот.

Како што наведоа, респираторните вируси првично ги инфицираат носните и усните шуплини, каде што се размножуваат, предизвикуваат симптоми и можат да се пренесат од таму на други луѓе.

Мешавина од аронија и вода уништува 97% од вирусот.

Според нивните откритија, спречувањето на почетната инфекција или намалувањето на концентрацијата на вирусот во носната и усната шуплина може да го намали ширењето кај другите, но исто така да ги ублажи симптомите и да се прошири на белите дробови.

Зелениот чај е исто така многу ефикасен.

Во неодамна објавената студија, научниците открија дека сокот од аронија, сок од калинка и зелен чај имаат значајна антивирусна улога и против вирусите, и од грипот и од короната.

Мешавина од сок од аронија и вода, кога се користи за плакнење на грлото, уништува 97% од вирусот корона во усната шуплина по само пет минути, според германските научници. Сокот од калинка и зелениот чај убиваат 80 проценти од вирусот по една минута.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk